Урбан Рурален Консалтинг-УРЦ е подготвен да работи на сите полиња во насока на остварување одржлив регионален развој преку подобрување на деловната клима, промоција на локалните стопански поволности, намалувањето на невработеноста а оттука и подобрување на животниот стандард на подолг рок. Ние сме подготвени взаемно да ги утврдиме специфични проекти на полето на промоција на економските поволности, заштита на животната средина и социјалната кохезија.
Следејќи ја Европската визија за моќни и конкурентни региони, ние се фокусираме кон:
• Реализација на вашите проекти со цел обезбедување воедначени услови на живеење во сите општини ;
• Утврдување и воспоставување на рамноправни и фер услови на внатрешна регионална конкурентност;
• Заедничко застапување на регионот пред трети лица и субјекти, лобирајќи со здружен регионален глас;
• Промовирање и претставување на подрегионите со цел зголемување на нивното ефикасно работење;
• Воспоставување форми на преку-гранична соработка и меѓународни партнерства.