Обезбедивме постојана правна поддршка, следејќи ги актуелните потреби и ажурирајќи ја листата на правни акти, достапни за корисниците. Содржината на правните акти ги опфаќа актите кои ги донесува градоначалникот, прописите на општинските совети, општинската администрација, правна поддршка во работните односи, како и правна поддршка во областа во која Вие се соочувате со проблеми, а е различна од погоренаведената. На Ваше барање, ние ќе ги анализираме ефектите од склучените договори со трети лица, ќе подготвиме и ќе предложиме наши сугестии, зацврстувајќи ги Вашите позиции на договорна страна.